Управата за јавни приходи (УЈП), во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), одржа работна средба посветена на новиот систем е-Фактура. На работилницата присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор, кои имаа можност детално да се запознаат со сите функционалности и можности што ги нуди ова дигитално решение.
За време на работилницата, учесниците практично се запознаа со начинот на користење на системот, вклучувајќи го и целиот процес за успешно креирање електронска фактура. Вклучувањето на банкарскиот сектор во оваа фаза е од посебно значење, со оглед на нивната директна улога во реализацијата на сите електронски и безготовински плаќања во економијата.
Навремената подготовка на банките овозможува полесна и поефикасна примена на е-Фактурата во секојдневната практика откако системот целосно ќе профункционира.
Од УЈП истакнуваат дека оваа средба е дел од континуираните активности за информирање и соработка со сите клучни фактори. Во изминатиот период веќе се одржани низа работни средби и презентации со шпедитери, општини, јавни претпријатија и приватни компании.

