Запленети над три илјади игли и опрема за тетовирање на граничниот премин „Блато“

Запленети над три илјади игли и опрема за тетовирање на граничниот премин „Блато“
Сподели:

Царинските службеници на влез во државата на граничниот премин „Блато“ спречија обид за нелегален увоз на поголема количина опрема за тетовирање. Стоката била откриена при детална контрола на товарно моторно возило, со кое возачот се обидел непријавено да ја внесе во Македонија.

Над три илјади парчиња игли за тетовирање, 60 пакувања со вкупно 7,2 литри мастило за тетовирање, како и 150 парчиња маст и други помошни алатки наменети за оваа дејност се запленети.

Од Царинската управа потсетуваат дека опремата за тетовирање, а особено иглите, подлежи на посебни здравствени регулативи и бара задолжителна соодветна дозвола за увоз. Секој обид за нелегален шверц и трговија со ваква неконтролирана стока претставува директна опасност по здравјето на граѓаните.

Царината упати апел до сите учесници во патничкиот и товарниот сообраќај доследно да ги почитуваат законските прописи, со предупредување дека сите обиди за загрозување на безбедноста и здравјето ќе бидат најстрого санкционирани.