Кинеското Министерство за трговија денеска објави дека започнува антидампинг истрага против Соединетите Американски Држави, поради мерките што Вашингтон ги воведе со чиповите. Оваа одлука доаѓа како одговор на серијата забрани и ограничувања кои, според Пекинг, го загрозуваат развојот на кинеската високотехнолошка индустрија.
Портпаролот на Министерството изјави дека САД, со своите истраги и мерките за контрола на извозот, спроведуваат протекционистички практики кои имаат за цел да го потиснат развојот на Кина во области како што се напредните компјутерски чипови и вештачката интелигенција.
„Овие практики не само што ги нарушуваат развојните интереси на Кина, туку и сериозно ја поткопуваат стабилноста на глобалниот синџир на снабдување и индустрискиот синџир на полупроводници“, изјави кинескиот портпарол.
Истрагата ќе се спроведе во согласност со кинескиот Закон за надворешна трговија, со принципите на фер, непристрасност и отвореност. Министерството ги повика сите засегнати страни, вклучувајќи ги кинеските индустрии и претпријатија, активно да учествуваат.
Кина нагласи дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги заштити легитимните права и интереси на своите компании, најавувајќи дека ќе следат соодветни мерки против САД врз основа на резултатите од истрагата.