Кривична пријава против тројца грчки државјани, извршиле кражба во продажен објект во хотел на ГП Богородица

Кривична пријава против тројца грчки државјани, извршиле кражба во продажен објект во хотел на ГП Богородица

СВР Струмица-ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против грчките државјани В.Б.(43), К.Б.(35) и П.Б.(44) поради сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин.

Тие се сомничат дека на 12.09.2025 во периодот од 10:40 до 11:15 часот од продажен објект во состав на хотел на ГП Богородица одзеле повеќе парфеми. По преземени мерки, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија утврдија дека тројцата заминале од местото со возило „тојота“, кое го управувал В.Б., а другите двајца биле сопатници.

Во 21.30 часот на Граничен премин „Богородица“ е запрено возилото и при контрола во него се пронајдени одземените предмети. Лицата се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Гевгелија.

Кривична пријава против тројца грчки државјани, извршиле кражба во продажен објект во хотел на ГП Богородица