Секретарот Бесент од американскиот Секретаријат за трговија, за време на итен повик со министрите за финансии на земјите од Г7, го повторија барањето на претседателот Трамп, сојузниците да им се придружат на САД во воведувањето царини за земјите што купуваат руска нафта. Целта е да се запре финансирањето на војната во Украина.
Амбасадорот Грир и секретарот Бесент ја истакнаа потребата од обединет економски притисок. „Само со обединети напори што ќе ги прекинат приходите кои ја финансираат воената машинерија на Путин, ќе можеме да извршиме доволен економски притисок за да му се стави крај на бесмисленото убивање“, рекоа тие во заедничката изјава.
На повикот на Г7, американските претставници ја поздравија посветеноста на сојузниците за зголемување на санкциите и истражување на можностите за искористување на замрзнатите руски суверени средства за понатамошна поддршка на одбраната на Украина.
„Благодарение на смелото водство на претседателот Трамп, САД веќе презедоа драматична акција против купувачите на руска нафта“, додадоа Грир и Бесент, изразувајќи надеж дека и останатите земји од Г7 ќе им се придружат во преземањето одлучни мерки во овој критичен момент.