Бројот на странски туристи во Македонија се зголемил за 11,6% во август

Бројот на странски туристи во Македонија се зголемил за 11,6% во август

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави зголемување на бројот на туристи во Македонија. Во август, бројот на туристите достигнал 226.179, кои оствариле вкупно 846.221 ноќевање.

Според анализата на ДЗС, во август, 52% од вкупниот број туристи биле странски посетители, додека домашните туристи учествувале со 48%. Сепак, домашните туристи се задржуваат подолго – тие оствариле дури 73.4% од вкупниот број ноќевања, наспроти 26.6% од странските туристи.

Податоците за периодот јануари – август 2025 година покажуваат дека вкупниот број на туристи е зголемен за 6.8% во однос на истиот период лани. Клучна улога во овој раст имаат странските туристи, чиј број се зголемил за 11.6%. Истовремено, кај домашните туристи е забележано мало намалување од 1.4%.

Слична е состојбата и со ноќевањата во првите осум месеци од годината. Вкупниот број ноќевања бележи раст од 1.0%, при што ноќевањата на странските туристи пораснале за 8.1%, додека кај домашните има намалување од 4.0%.

Во однос на земјите од каде што дошле најмногу странски туристи во август, листата е предводена од Турција со 49.093 посетители, Србија со 10.309 туристи, Романија со 5.202 туристи и Холандија со 5.075 туристи.

Бројот на странски туристи во Македонија се зголемил за 11,6% во август