Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека бруто-домашниот производ (БДП) на Македонија во 2024 година забележал реален раст од 3.0% во однос на претходната 2023 година.
Номиналната вредност на БДП за 2024 година изнесува 964.087 милиони денари, што претставува номинално зголемување од 6.8% во однос на 2023 година.
Најголемо учество во додадената вредност со 17.9% во структурата на БДП во 2024 година имаат секторите: Трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и Сервисни дејности со храна.
Финалната потрошувачка во 2024 година во структурата на БДП учествува со 82.4%.
Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2024 година e 61.7%. Вредноста на инвестициите во основни средства во 2024 година изнесува 226.482 милиони денари.
Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 53.6%, машините и опремата со 35.7%, а останатите инвестиции со 10.7%.