„Канди Инвест“ го зголеми уделот во „ЗК Пелагонија“ на 12,22 проценти

„Канди Инвест“ го зголеми уделот во „ЗК Пелагонија“ на 12,22 проценти

ЗК „Пелагонија“ АД Битола, согласно член 38 од Правилата за котација на Македонската берза за хартии од вредност, упати официјални известувања за прераспределба на акциите и промени кај квалификуваните сопственици кои поседуваат над 5% од вкупниот капитал на друштвото.

Според објавените податоци, Друштвото за производство, трговија и услуги „Канди Инвест“ ДООЕЛ Скопје значајно го зголеми своето сопственичко учество во акционерското друштво.

Компанијата „Канди Инвест“ ДООЕЛ Скопје, која претходно поседуваше 14.258 акции, односно 7,03% од вкупниот број акции на ЗК „Пелагонија“, стекна нови 10.536 акции. Со оваа трансакција, уделот на „Канди Инвест“ се искачи на вкупно 24.794 акции, со што компанијата сега поседува 12,22% од вкупниот број акции.

Истовремено, има промена кај физичките лица со квалификувана сопственост. Досегашниот акционер Снежана Георгиева од Скопје изврши намалување на бројот на акции, со што повеќе не се води како сопственик на над 5% од вкупниот број акции во друштвото.