Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, информираше за објавувањето на новиот јавен повик од Оперативниот план за вработување, кој нуди бесплатни обуки за занаети и професии со висока побарувачка на пазарот на трудот.
Обуките ќе ги спроведуваат лиценцирани обучувачи, со цел зголемување на конкурентноста на невработените лица и подобрување на нивните вештини за побрзо вработување.
Програмата опфаќа обуки распределени според степенот на образование на кандидатите. За лицата со минимум завршено основно образование се нудат обуки за занаетите: спаткар, бравар, шивач, армирач и фасадер. За кандидатите со завршено минимум средно образование се обезбедени обуки за следниве профили: службеник за сметководство, електричар за инсталација и одржување, дигитален маркетер, шивач, оператор во кол-центар и пожарникар.
Сите заинтересирани граѓани можат да аплицираат најдоцна до 26 октомври 2026 година. Подетални информации за условите и начинот на пријавување се достапни во работните клубови на Центрите за вработување, на официјалната веб-страница на Агенцијата за вработување, како и преку телефонските контакти на установата.

