Царинската управа заплени 2.500 ризични инфузиски медицински сета

Царинската управа заплени 2.500 ризични инфузиски медицински сета

Царинската управа изврши нова голема заплена на медицински материјал кој е ризичен по здравјето на граѓаните.

Запленети се 2.500 инфузиски медицински сета - вклучувајќи игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, за кои е утврдено дека не ги исполнуваат медицинските стандарди. Запленувањето на инфузиските сетови се случило во Царинската испостава Скопје 3, при детална контрола на пратката.

„Последен случај каде јасно се гледа нашата заложба во заштита на здравјето на граѓаните е заплената на 2.500 инфузиски сета во Царинска испостава Скопје 3. Случајот е откриен при детална контрола на инфузиски медицински материјал при што е констатирано дека истите се кинеска стока, а не германска која била предмет на дозвола за увоз“, изјави Николовски.

Со оглед на тоа дека запленетите сетови за инфузија не се во согласност со медицинските стандарди во државата, не се безбедни за употреба и за нив не е издадено одобрение за увоз, целата стока е запленета и ќе биде уништена. Против увозникот е веќе поведена соодветна постапка.

Николовски додаде дека минатата година биле спречени два меѓународни канали за нелегална трговија со анаболични стероиди, при што Царината запленила 600 килограми од овие супстанци, кои се исклучително штетни по здравјето на граѓаните.

Следете ги најновите вести на Viber
Царинската управа заплени 2.500 ризични инфузиски медицински сета