Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница, следува јавна набавка за изградба на првата фаза

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница, следува јавна набавка за изградба на првата фаза

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека ја потпишал одлуката за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во градот.

Проектот се однесува на изградба на подземниот дел на булеварот „Македонија“, на потегот од под трговскиот центар „Лимак“ до влезот на населбата Кисела Вода.

„Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот. По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа.“ – изјави Ѓорѓиевски.

Сообраќајницата ќе има шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки.

По првата фаза, ќе следи изградба на кружен тек кај „Нова Македонија“ и два кружни тека на потегот кај булеварот „Кочо Рацин“ и улицата „Железничка“.

Според него, со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо, нешто што досега не било својствено за Скопје.

Следете ги најновите вести на Viber
Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница, следува јавна набавка за изградба на првата фаза