Министерството за финансии утре ќе исплати 18,48 милиони евра за втората емисија на граѓански обврзници

Министерството за финансии утре ќе исплати 18,48 милиони евра за втората емисија на граѓански обврзници

Министерството за финансии соопшти дека утре, 14 ноември, ќе изврши исплата на главницата и каматата од втората емисија на граѓански обврзници. Вкупно 18,48 милиони евра ќе бидат слеани на сметките на граѓаните кои инвестираа во овој финансиски инструмент.

Исплатата се однесува на обврзниците издадени на 7 ноември 2023 година со рок на достасување од две години и годишна каматна стапка од 5%. Утре ќе бидат исплатени главницата во износ од 17,6 милиони евра и каматата во износ од 880 илјади евра, колку што изнесуваше и исплатата на каматата за првата година.

Граѓанската обврзница беше воведена во 2023 година со цел збогатување на понудата на финансискиот пазар и проширување на изворите за финансирање на економските политики на државата.

Досега се издадени две емисии во вкупен износ од 41,1 милион евра, при што во првата емисија беа запишани 23,5 милиони евра, а во втората 17,6 милиони евра.

Министерството за финансии информира дека по анализата на финансискиот пазар и трендовите, веќе се работи на подготовка на проспект за нова емисија на граѓански обврзници, во насока на диверзификација на понудата на финансиските инструменти за инвестирање.

Следете ги најновите вести на Viber
Министерството за финансии утре ќе исплати 18,48 милиони евра за втората емисија на граѓански обврзници