Државниот завод за статистика (ДЗС) објави податоци за периодот јануари – септември 2025 година, кои покажуваат значителен пад во вредноста на договорените и извршените градежни работи што македонската оператива ги реализирала во странство.
Во наведениот период, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 134,1 милиони денари, што е за 63.1% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Истовремено, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 106,1 милиони денари.
Ова претставува намалување за 29.2% во споредба со првите девет месеци од 2024 година.