Општина Кавадарци објави јавен повик за ангажирање негуватели на стари лица со надоместок од 24 илјади денари

Општина Кавадарци објави јавен повик за ангажирање негуватели на стари лица со надоместок од 24 илјади денари

Општина Кавадарци, врз основа на Договорот за соработка со Агенцијата за вработување и во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2026 година, објави јавен повик до евидентираните невработени лица за вклучување во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект „Економија на грижи“. Преку овој повик се бараат негуватели на стари и изнемоштени лица во домашни услови, со цел постепено вклучување на невработените на пазарот на трудот.

Работниот ангажман на избраните кандидати ќе трае девет месеци, со полно работно време од 40 работни часови неделно. За времетраењето на ангажманот е предвиден месечен паричен надоместок во висина од 24.000 денари бруто износ, во кој се вклучени данокот на личен доход и осигурувањето за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест. За време на траењето на програмата, статусот на невработените лица останува непроменет, а на корисниците на паричен надоместок и на гарантирана минимална помош им останува активно претходно оствареното право.

Право на учество на јавниот повик имаат сите евидентирани невработени лица кои поседуваат стекнат сертификат за негувател на стари и изнемоштени лица во домашни услови. Кандидатите треба да припаѓаат на една од определените целни групи, меѓу кои се долгорочно невработени лица над 12 месеци, млади лица до 29 години, лица постари од 50 години корисници на социјална помош, самохрани родители, родители со три или повеќе деца, родители на деца со пречки во развојот, корисници на гарантирана минимална помош, невработени Роми, бездомни лица и жртви на семејно насилство.

Заинтересираните кандидати можат да ги поднесат своите пријави во Центарот за вработување во Кавадарци најдоцна до 20 ноември 2026 година, секој работен ден во периодот од 08:00 до 14:00 часот. Детални информации за условите, правата и обврските можат да се добијат кај општинскиот координатор Марија Камчева во Општина Кавадарци, кај Валентина Камчева во Центарот за вработување Кавадарци, како и кај Митко Михов во Центарот за социјална работа Кавадарци.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.