Откриен комплекс на римска бања со систем за загревање на локалитетот Исар-Марвинци

Откриен комплекс на римска бања со систем за загревање на локалитетот Исар-Марвинци

Археолошките истражувања спроведени во 2026 година на локалитетот Исар-Марвинци кај Валандово резултираа со исклучителни откритија кои даваат нови сознанија за урбаниот развој и секојдневниот живот во овој антички град. Во рамките на комплексот на јавната римска бања, стручниот тим откри монументален базен со димензии поголеми од 4,5 на 2,5 метри и длабочина од над 1,5 метри, кој е обложен со повеќе од осум различни видови мермер.

Од особена научна важност е откривањето на исклучително добро зачуваниот систем за загревање под самиот базен, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух. Целиот комплекс се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина и бил директно поврзан со градската цистерна.

Покрај монументалната архитектура, при ископувањата се пронајдени и вредни археолошки предмети. Меѓу нив се издвојуваат сребрена монета на Ихнајците датирана во периодот од 500 до 480 година пред нашата ера, бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, мермерна биста со претстава на воен командант, фрагменти од скулптури, како и епиграфски споменик од син мермер со посветен натпис.

Според Националниот археолошки музеј, овие наоди претставуваат директен доказ за развиената јавна инфраструктура, економската моќ и регионалното значење на античкиот град. Истражувањата на комплексот ќе продолжат и во текот на 2027 година, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Со овогодинешните истражувања раководеше кустос-советникот Јане Клековски, придружуван од стручниот тим составен од Игор Ширтовски, Сања Битрак, Андриана Петковска, Стефан Трајковски, Васил Николовски, Елена Рафајловска и Славица Бабамова, со институционална поддршка од Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, НУ Завод и музеј - Струмица и Општина Валандово.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.