Општина Центар започна со исплата на субвенциите за купени велосипеди

Општина Центар започна со исплата на субвенциите за купени велосипеди
Сподели:

Општина Центар ја започна реализацијата на исплатата на финансиските средства за субвенционирање на граѓаните кои купиле нов велосипед, во рамките на традиционалниот проект „Цел Центар на точак“. Градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, информираше дека првите 90 граѓани кои аплицирале веќе ги добиле средствата на своите сметки, а во текот на наредниот период ќе се изврши исплата и на преостанатите 100 одобрени барања кои ги исполниле условите.

Покрај поддршката за купување нови велосипеди, од општината потсетуваат дека во моментов сè уште е активен и јавниот повик за субвенционирање на дополнителна велосипедска опрема, каде што граѓаните можат да добијат финансиска помош во вредност до 1.000 денари.

Преку континуираното спроведување на проектот „Цел Центар на точак“, Општина Центар има за цел да стимулира поголемо користење на алтернативни превозни средства, да инвестира во одржлива урбана мобилност и да придонесе кон подигнување на здравите животни навики кај локалното население, како и кон обезбедување на почиста животна средина во центарот на градот.