Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, синоќа имал средба со познатиот македонски бизнисмен од дијаспората, Крис Павловски. Веста за средбата ја објави самиот премиер на својот официјален профил на социјалните мрежи, каде сподели и фотографија од пријателската вечера.
Како што истакна Мицкоски, средбата се одржала за време на посетата на Павловски на неговата родна Преспа. Главна тема на разговорот биле перспективите и иднината на Македонија, како и искористувањето на сите шанси кои ќе придонесат за развој и просперитет на граѓаните.
Крис Павловски е канадско-американски бизнисмен со македонско потекло. Тој е најпознат како основач и извршен директор на Rumble, популарна онлајн видео платформа која често се позиционира како алтернатива на YouTube.
Тој е познат по своите блиски врски со американскиот политички врв во Републиканската партија и со претседателот Доналд Трамп.
Неговата нето вредност изнесува околу 1.3 милијарди долари.