Забрзано се работи на делницата Климештани-Охрид, наскоро ќе биде пуштена во употреба

Забрзано се работи на делницата Климештани-Охрид, наскоро ќе биде пуштена во употреба

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт и врски Александар Николоски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, денеска извршија увид во градежните активности на делницата од Климештани до Охрид, дел од автопатот Кичево-Охрид.

За време на увидот, директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, истакна дека делницата со должина од околу 15 километри бележи значителен напредок. Како што соопшти, клучката кај Подмоље се очекува да биде пуштена во употреба денес или најдоцна утре, што ќе го олесни сообраќајот во овој регион. Гледано од Кичево кон Охрид во наредните неколку дена се очекува километар и пол од левата лента да бидат асфалтирани со што левата лента ќе биде целосно асфалтирана и подготвена за пуштање во употреба.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски изјави дека долниот дел на Дебрца е прилично населен, со околу 15.000 жители, и затоа приоритет е да се завршат пристапните патишта. Со 16-те потпатници, натпатници и влезови на кои се работи, се решаваат потребите за поврзување на сите села.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека наесен ќе започнат работите за стабилизација на земјиштето на критичните точки со свлечишта кај Ботун, како и на тунелот кај Врбјани. Веќе тече тендерската постапка за изградба на нови автопатски делници Букојчани-Кичево и делницата од границата со Косово до Скопје.

Забрзано се работи на делницата Климештани-Охрид, наскоро ќе биде пуштена во употреба