Општина Кисела Вода ќе спроведе трето вонредно прскање против комарци во Драчево

Општина Кисела Вода ќе спроведе трето вонредно прскање против комарци во Драчево
Сподели:

Центарот за јавно здравје во соработка со Општина Кисела Вода вечерва реализира трета вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на Кисела Вода. Овој третман директно ќе ги опфати населбата и селото Драчево, а главната цел е заштита на здравјето на граѓаните и спречување на масовното размножување на инсектите во овој дел од општината.

Теренските активности ќе се реализираат во периодот од 22:00 до 24:00 часот. За време на оваа акција, специјализирани возила ќе дејствуваат за уништување на возрасните комарци низ улиците и јавните површини.

Оваа трета вонредна интервенција претставува продолжение на координираните активности кои започнаа кон крајот на минатиот месец со првото прскање против возрасни форми. Процесот продолжи и пред два дена кога екипите на терен вршеа ларвицидна дезинсекција. Во претходната фаза се третирани сите канали, застоени води и влажни подрачја со цел уништување на ларвите од комарци уште пред нивното излегување.

Од Општина Кисела Вода упатуваат посебен апел до сите пчелари навремено да ги преземат ги сите потребни заштитни мерки за своите пчелни семејства со цел спречување какви било штетни последици од средствата за дезинсекција.

Истовремено, се замолуваат сите жители од населбата и селото Драчево во периодот од 22:00 до 24:00 часот да ги држат затворени прозорците и вратите од своите домови за акцијата да се спроведе безбедно и ефикасно.