Директорот на ТИРЗ во посета на „Витек“: Развојните планови и производствените капацитети во фокусот на средбата

Директорот на ТИРЗ во посета на „Витек“: Развојните планови и производствените капацитети во фокусот на средбата
Сподели:

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, оствари работна посета на компанијата „Витек“, која функционира во рамките на ТИРЗ Скопје, каде што се сретна со директорот на компанијата, Чиријако Ло Конте.

Во рамки на средбата, Димовски и Ло Конте разговараа за досегашните резултати од работењето на компанијата, тековните производствени активности, како и за идните планови и можности за нејзин понатамошен развој. За време на посетата беше извршена обиколка на производствениот погон, при што беше направен директен увид во работните процеси, начинот на функционирање на производството и капацитетите со кои располага овој инвеститор.

Директорот Димовски посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со концептот на активна и транспарентна соработка и одржување постојан контакт со сите компании кои работат во зоните. Според него, целта на овие средби е подобро разбирање на тековните потреби на инвеститорите, навремено идентификување на предизвиците со кои се соочуваат и поддршка на нивните развојни планови за создавање услови за нови инвестиции.