Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција (ВИ), најавувајќи го како капитален проект со историско значење за дигиталната трансформација на Македонија.

Проектот, со вкупна вредност од околу 6 милиони евра, се реализира со значајна финансиска поддршка од Европската Унија, конкретно преку програмата Horizon Europe и иницијативата EuroHPC. Тој е ко-финансиран од Министерството за дигитална трансформација, а носител на проектот е ФИНКИ.

„Ова е капитален проект со историско и национално значење – нова страница во дигиталниот развој на Македонија. Со ‘Везилка’, нашата држава станува активен дел од европската мрежа на центри за вештачка интелигенција. Ова е суштински чекор за нашата научна, технолошка и иновациска заедница,“ истакна министерот Андоновски.

Центарот ќе функционира како придружна единица на европската ВИ фабрика „Pharos“ со седиште во Грција. Оваа врска ќе им овозможи на македонските институции, истражувачи, компании и стартапи директен пристап до европски суперкомпјутери и напредни податочни простори.

Проектот „Везилка“ има јасна општествена мисија – да создаде национален екосистем за одговорна и доверлива примена на вештачката интелигенција во пет клучни области:

- Јазик и култура: Системски развој на македонски јазични модели и дигитална заштита на културното наследство.

- Здравство: Анализа на здравствени податоци и подобрување на медицинските услуги.

- Енергетика: Оптимизација на производството и потрошувачката на енергија.

- Јавна администрација: Автоматизација на процеси и зголемена транспарентност.

- Земјоделие: Примена на паметни технологии за современо и одржливо производство.

Покрај истражувачката функција, „Везилка“ ќе биде и центар за обука и развој на човечки капитал преку организирање тренинзи, практични проекти и едукативни програми во областа на ВИ.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.