Извршена првата трансплантација на рожница во македонското јавно здравство

Извршена првата трансплантација на рожница во македонското јавно здравство

Премиерот Мицкоски денеска објави дека успешно е извршена првата трансплантација на рожница во државата, со што Македонија се вбројува меѓу ретките земји во регионот кои спроведуваат вакви сложени офталмолошки интервенции.

„Ова претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред за нашата држава, за здравството и пред се за пациентите кои имаат потреба од ваков вид високо-специјализиран третман“, изјави премиерот Мицкоски.

Операциите се изведени од врвни доктори од Duke University (САД), еден од највисоко рангираните универзитети за клиничка медицина во светот. Американскиот тим, составен од докторите Лојд Вилијамс, Николас Гарсон и Шина Сонг, работеше заедно со тим на македонски офталмолози.

Целокупниот процес беше координиран од Проф. д-р Билјана Кузмановска, Национален координатор за трансплантација, и Доц. Д-р Наташа Трпевска Шекеринов, директор на Универзитетската клиника за очни болести во Скопје.

Во рамки на овој пионерски потфат, беа изведени вкупно 9 операции со најсовремена трансплантациона метода, кои се прават за прв пат во државата.

Следете ги најновите вести на Viber
Извршена првата трансплантација на рожница во македонското јавно здравство