Проекција на НБРМ: Економски раст од 3,8 проценти и стабилизација на инфлацијата на два проценти оваа година

Проекција на НБРМ: Економски раст од 3,8 проценти и стабилизација на инфлацијата на два проценти оваа година

Најновите макроекономски проекции на НБРМ упатуваат на забрзување на економскиот раст на 3,8 проценти во 2026 година и на четири проценти во среднорочниот период, при истовремено постепено забавување на инфлацијата и нејзино сведување на ниво од два проценти на среден рок. Овие оценки ги изнесе Султанија Бојчева-Терзијан, директорка на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика при Народната банка, за време на нејзиното обраќање на 13. Ерсте појадок.

Во своето излагање таа посочи дека геополитичките тензии, повисоките цени на енергијата и храната, како и структурните промени во глобалната економија создаваат нови предизвици за монетарните политики ширум светот. Ефектите од овие глобални движења се прелеваат и врз домашната економија, првенствено преку увозните цени и инфлациските притисоци.

Во услови на зголемена неизвесност и променливо меѓународно окружување, од Народната банка потенцираат дека стабилниот девизен курс останува главно номинално сидро на монетарната стратегија.

Од централната банка нагласуваат дека продолжуваат внимателно да ги следат сите ризици и движења на домашниот и меѓународниот пазар, останувајќи подготвени навремено да реагираат со сите расположливи инструменти со цел целосно зачувување на ценовната и финансиската стабилност во државата.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.