Утврдени новите откупни цени на грозјето: 21.8 денари за „вранец“ и 20 денари за „смедеревка“

Утврдени новите откупни цени на грозјето: 21.8 денари за „вранец“ и 20 денари за „смедеревка“

Откупната цена за килограм винско грозје од сортата „вранец“ оваа година ќе изнесува 21.8 денари, додека за „смедеревката“ ќе изнесува 20 денари, соопшти денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски.

Според министерот, овие цени се утврдени врз основа на реалните производствени трошоци на лозарите и законски предвиденото зголемување од 25 отсто. На овој начин се обезбедува фер, транспарентен и предвидлив процес со кој соодветно се вреднуваат трудот и вложувањата на македонските лозари.

Пресметката на производната цена за двете најзастапени сорти винско грозје ја изготви Земјоделскиот институт - Скопје, како независна научна институција избрана преку јавен конкурс, а согласно одредбите од Законот за виното и официјалната Методологија. Крајната бројка е добиена преку детални теренски истражувања, анкети и анализа на репрезентативен примерок на лозарски стопанства.

При пресметувањето беа земени предвид сите клучни параметри на производството, вклучувајќи ги трошоците за заштита и прихрана на лозјата, спроведените агротехнички мерки, ангажманот на работна сила, користењето механизација, набавката на репроматеријали, како и останатите фиксни и варијабилни трошоци на терен. Заради максимална транспарентност на целиот процес, анкетните листови што се користеа како база за пресметката се јавно објавени на веб-страницата на Земјоделскиот институт.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство потенцираше дека продолжува со доследна примена на законските регулативи со цел создавање стабилен пазар и предвидливи услови за откуп, што е од заеднички интерес и за лозарите и за натамошниот развој на домашната винарска индустрија.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.