Трамп: Порано градевме по еден брод дневно, а денес едвај еден годишно, потребен е увоз на странски експерти за обука на американските работници

Трамп: Порано градевме по еден брод дневно, а денес едвај еден годишно, потребен е увоз на странски експерти за обука на американските работници

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на својата платформа Truth Social објави дека поддржува странски компании да носат свои експерти во САД со цел да ги обучуваат американските работници. Според него, ова е неопходен чекор за да се привлечат големи инвестиции во земјата и да се обнови американското производство.

Во својата објава, Трамп истакна дека кога странски компании инвестираат во САД за да произведуваат комплексни производи, треба да им се дозволи привремен престој на нивниот стручен кадар. Целта е тие да го пренесат своето знаење на американските работници, кои потоа ќе продолжат сами со производството.

„Сакам да ги донесат своите експерти на одреден временски период за да ги научат и обучат нашите луѓе како да ги прават овие многу уникатни и сложени производи, додека тие постепено се повлекуваат од нашата земја и се враќаат во својата.“ - изјави Трамп.

„Ако не го направиме ова, сите големи инвестиции никогаш нема да дојдат“, напиша Трамп. Тој како примери ги наведе чиповите, полупроводниците, компјутерите, бродовите и возовите, области каде според него, САД треба да учат од другите земји или да го обноват знаењето што го имале во минатото.

Трамп посебно се осврна на бродоградбата, наведувајќи дека во минатото САД граделе по еден брод дневно, а денес градат едвај еден годишно.

Трамп: Порано градевме по еден брод дневно, а денес едвај еден годишно, потребен е увоз на странски експерти за обука на американските работници