За Универзалната сала ќе се потрошат 20 милиони евра, ќе има 1200 седишта и ќе биде завршена до 2027 година

За Универзалната сала ќе се потрошат 20 милиони евра, ќе има 1200 седишта и ќе биде завршена до 2027 година

Министерот за култура, Зоран Љутков, денес пред јавноста го презентираше визуелното решение за изградбата на новата Универзална сала. Проектот кој се очекува да чини 20 милиони евра, има за цел да го врати значењето на оваа култна локација и да ѝ даде нова енергија на културната сцена во Скопје.

Според министерот, клучна карактеристика на новиот објект е тоа што ќе ја задржи постоечката, препознатлива форма, како почит кон колективната меморија. Сепак, сала ќе биде целосно модерна и функционална. Планираниот капацитет е 1.200 седишта, а салата ќе биде опремена со најнова технологија за врвна акустика, како и современа сценска техника, LED осветлување и аудио-видео системи.

Покрај тоа, новиот објект ќе биде енергетски ефикасен, а за неговата изградба ќе се користат нови, современи материјали. Проектот вклучува и модерно партерно и хортикултурно уредување на околниот простор, со цел да се создаде атрактивна и пријатна околина за посетителите.

Министерството очекува дека постапката за избор на изведувач и надзор ќе биде завршена на почетокот на октомври, со што веднаш потоа би започнала изградбата по систем „клуч на рака“. Планирано е градежните активности да се завршат до крајот на 2027 година, за да може Универзалната сала гордо да биде дел од програмата „Скопје - Европска престолнина на културата“ во 2028 година.

За Универзалната сала ќе се потрошат 20 милиони евра, ќе има 1200 седишта и ќе биде завршена до 2027 година