Царинската управа денеска информираше за заплена на 204 колекционерски банкноти и монети, чија проценета вредност достигнува 700 илјади денари. Случајот е откриен на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД.
Според објавата на Царинската управа, патникот се упатил кон зелениот канал, иако со себе носел голема количина вредносни предмети. Царинските службеници, поради сомневање, го селектирале за детален претрес. При контролата, во двата куфери и во личните торби на патникот биле пронајдени банкнотите и монетите.
Против патникот е поведена соодветна постапка пред надлежниот суд. Царинската управа уште еднаш апелира до сите граѓани и патници дека е законска обврска да се пријават сите вредносни предмети при влез и излез од државата, со цел да се избегнат вакви ситуации.