Царинска управа: Кривична пријава за царинска измама со увоз на додатоци за исхрана

Царинска управа: Кривична пријава за царинска измама со увоз на додатоци за исхрана

Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ против увозник, шпедиции и лиценцирани застапници, кои со непријавувањето на стоката во соодветната тарифна ознака го оштетиле државниот буџет за износ од 622.492 денари.

Како што информираат од Царинската управа, измамата се однесува на увоз на додатоци на исхрана извршен во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година. Осомничените, во договор со увозникот, ја пријавувале стоката под погрешна тарифна ознака, со што се пресметувале пониски царински давачки од реалните.

Царинската измама е откриена при контрола спроведена од инспектори од Одделението за контрола на трговски друштва. По откривањето на делото, случајот е предаден на Одделението за истраги, кое поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.

Покрај кривичната одговорност, против сторителите се донесени и решенија за дополнителна наплата на должните давачки.

Следете ги најновите вести на Viber
Царинска управа: Кривична пријава за царинска измама со увоз на додатоци за исхрана