Индустрискиот промет се намалил за 20.9% во август во споредба со јули

Индустрискиот промет се намалил за 20.9% во август во споредба со јули

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека прометот во индустријата, во август 2025 година бележи намалување од 3.9% во споредба со истиот месец минатата година (август 2024).

Според податоците, најголем пад е забележан во сегментите на Трајни производи за широка потрошувачка со намалување од 14.6%, по што следат Капитални производи со пад од 5.6% и Интермедијарни производи, освен енергија со намалување од 5.5%. Единствен сегмент кој бележи пораст се Нетрајните производи за широка потрошувачка со минимално зголемување од 0.8%.

Во однос на претходниот месец, прометот во индустријата е значително намален – за 20.9% во споредба со јули 2025 година.

Прометот на домашниот пазар во август 2025 година бележи пораст од 3.4% во однос на август 2024 година, додека на странските пазари прометот е намален за 5.8% на годишно ниво.

И покрај падот во август, кумулативните податоци за првите осум месеци од годината се позитивни – вкупниот промет во индустријата во периодот јануари – август 2025 година бележи пораст од 6.7% во однос на истиот период лани.

ДЗС посочува дека најголемо влијание врз вкупното опаѓање на прометот во индустријата во август 2025 година, во однос на истиот месец лани, имаат одделите за Производство на електрична опрема со пад од 13.8%, потоа Производство на метали со намалување од 13.4%, како и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со пад од 13.3%.

Следете ги најновите вести на Viber
Индустрискиот промет се намалил за 20.9% во август во споредба со јули