МЕПСО доби грант од 600.000 евра за дигитализација на електропреносната мрежа

МЕПСО доби грант од 600.000 евра за дигитализација на електропреносната мрежа

Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска беше потпишан грант-договор во вредност од 600.000 евра меѓу АД МЕПСО и Француската агенција за развој (AFD). Со овој договор започнува значаен проект за модернизација и дигитализација на електроенергетската преносна мрежа во земјата.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека овој чекор ја приближува земјата до сигурна и отпорна енергетска иднина.

„Овој проект значи понапредна, поефикасна и попаметна мрежа – стабилно снабдување со електрична енергија, помали загуби, подобра интеграција на обновливите извори и посилна отпорност на целиот систем“, изјави министерката Божиновска.

Според Министерството, партнерството со AFD и RTE International докажува дека земјата се движи кон примена на иновации, одржливост и европски стандарди во енергетиката.

Проектот за дигитализација ќе се фокусира на дигитализација на трафостаниците, користење на напредни симулатори и вештачка интелигенција и јакнење на техничките капацитети на МЕПСО.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.