Stellantis ќе инвестира 13 милијарди долари во САД, планирани се над 5.000 нови работни места

Stellantis ќе инвестира 13 милијарди долари во САД, планирани се над 5.000 нови работни места

Автомобилскиот гигант Stellantis објави план за инвестирање на 13 милијарди долари во Соединетите Американски Држави во текот на следните четири години. Оваа инвестиција, која е најголема во 100-годишната историја на компанијата во САД, има за цел да го зголеми американското производство за 50% и да отвори повеќе од 5.000 нови работни места.

Инвестицијата ќе поддржи лансирање на пет нови возила, а ќе се реализира во фабрики низ Илиноис, Охајо, Мичиген и Индијана.

„Оваа инвестиција во САД – најголема во историјата на компанијата – ќе го поттикне нашиот раст, ќе ја зајакне нашата производствена база и ќе донесе повеќе американски работни места во државите што ги нарекуваме дом“, изјави Антонио Филоса, извршен директор на Stellantis и главен оперативен директор за Северна Америка.

Само во Илиноис, Stellantis планира да реинвестира над 600 милиони долари, кадешто ќе започне производство на два нови модели на Jeep – Cherokee и Compass. Се очекува да се отворат околу 3.300 нови работни места до 2027 година.

Следете ги најновите вести на Viber
Stellantis ќе инвестира 13 милијарди долари во САД, планирани се над 5.000 нови работни места