Вкупниот промет во индустријата во август бележи зголемување од 8,8 проценти во споредба со истиот месец од претходната година, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според главните индустриски групи, најголем годишен пораст е евидентиран кај капиталните производи од 17,1 процент, кај нетрајните производи за широка потрошувачка од 6,9 проценти, како и кај интермедијарните производи (освен енергија) за 1,4 проценти. Пад од 4,2 проценти е регистриран единствено кај трајните производи за широка потрошувачка.
Позитивниот резултат во август се должи пред сè на високата активност на странските пазари, каде што е остварен раст од 11,2 проценти на годишно ниво, додека прометот на домашниот пазар бележи зголемување од 4,4 проценти. Во однос на претходниот месец (јули 2026 година), вкупниот индустриски промет бележи сезонско намалување од 16,3 проценти.
Во периодот јануари-август, во споредба со истиот период од 2025 година, вкупниот промет во индустријата бележи стабилен раст од 3проценти. Притоа, продажбата на домашниот пазар е зголемена за 3,9 проценти, а на странските пазари за 3,1 процент.
Најголемо позитивно влијание врз зголемувањето на вкупниот промет во август имаат секторите за производство на моторни возила, приколки и полуприколки (раст од 17,4%), производството на машини и уреди (раст од 17,3%), како и производството на прехранбени производи (раст од 2,7%).

