Геотермална енергија, модернизација на РЕК Битола и интеграција на пазарот на струја: Македонија и Унгарија ја зацврстуваат енергетската соработка

Геотермална енергија, модернизација на РЕК Битола и интеграција на пазарот на струја: Македонија и Унгарија ја зацврстуваат енергетската соработка

Министерството за енергетика денеска објави дека на петтата седница на Мешовитиот комитет за економска соработка со Унгарија е зацврстена стратешката енергетска соработка меѓу двете земји.

Средбата ја потврдила посветеноста на Скопје и Будимпешта кон регионална енергетска стабилност, непрекинато снабдување со гас и поддршка на клучни инфраструктурни проекти.

На билатералните средби со Петар Старај, претседавач на Мешовитиот комитет, и Петар Холица, заменик државен секретар на Министерството за енергетика на Унгарија, била потврдена заедничката заложба за размена на добри практики и експертиза.

Државниот секретар на Министерството за енергетика на Македонија, Горан Јовановски, истакна:

„Охрабрени сме од техничкиот дијалог за геотермална енергија, модернизацијата на РЕК Битола и продлабочената соработка помеѓу HUPX (Унгарската берза на електрична енергија) и MEMO (Македонскиот оператор на пазарот на електрична енергија), која ќе ја олесни интеграцијата на пазарите и размената на експертиза.“

Од Министерството потенцираат дека седницата јасно покажала оти соработката меѓу Македонија и Унгарија се базира на доверба и визија за одржлива енергетска иднина за целиот регион.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.