САД ги намалуваат царините за Швајцарија на 15%, во замена Швајцарија ќе инвестира 200 милијарди долари во САД

САД ги намалуваат царините за Швајцарија на 15%, во замена Швајцарија ќе инвестира 200 милијарди долари во САД

САД и Швајцарија постигнаа трговски договор со кој се става крај на високите американски царини. Договорот предвидува драстично намалување на американските давачки за швајцарскиот извоз во замена за масовен план за инвестиции од страна на швајцарските компании во САД.

Американскиот трговски претставник Џејмисон Грир и швајцарската Влада потврдија дека е постигнат договор за намалување на царините за повеќето швајцарски стоки од досегашните 39%, на 15%.

Оваа стапка го изедначува третманот на швајцарските извозници со оној што веќе го имаат земјите од Европската Унија, Јапонија и Јужна Кореја, и претставува големо олеснување за клучните швајцарски сектори како што се фармацијата, индустриските машини, часовниците и накитот.

Како дел од договорот, швајцарската Влада објави дека швајцарските и лихтенштајнските компании планираат да инвестираат околу 200 милијарди долари во САД до крајот на 2028 година.

Од Белата куќа информираа дека овие инвестиции ќе создадат илјадници добро платени работни места во сектори како: Фармација и медицински помагала, машини и напредно производство и инфраструктура.

Според американските власти, овој потег ќе помогне да се намали трговскиот суфицит од 38 милијарди долари што Швајцарија го има со САД.

Следете ги најновите вести на Viber
САД ги намалуваат царините за Швајцарија на 15%, во замена Швајцарија ќе инвестира 200 милијарди долари во САД