Инспектори од Мобилниот царински тим спречија обид за нелегално внесување златен накит и кршено злато во вредност од 1.500.000 денари (околу 24.300 евра). Случајот е откриен на граничниот премин Блаце, при влез во државата, по детална контрола на патничко возило управувано од македонски државјанин.
При извршениот претрес на автомобилот, царинските службеници од Одделението за оперативни работи пронашле злато со вкупна тежина од 324,7 грама. Патнникот, со намера да ги избегне царинските давачки, предметите ги завиткал во црна пластична кеса и ги сокрил во фиоката под возачкото седиште.
Стоката е привремено одземена, а случајот е пренесен до Одделението за истраги. Против лицето со иницијали И.М. е поднесена соодветна кривична пријава за кривично дело криумчарење до Основното јавно обвинителство Скопје.







