Македонија бележи раст на туризмот во првата половина од 2025 година

Македонија бележи раст на туризмот во првата половина од 2025 година

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на својот Фејсбук профил објави дека туризмот во Македонија бележи значителен раст во првото полугодие од 2025 година. Според податоците кои ги сподели, вкупниот број на туристи е зголемен за 13,5% во споредба со истиот период во 2024 година.

Овој раст е предводен од значително зголемување на бројот на странски туристи, кој е поголем за 19,7%. Од друга страна, бројот на домашни туристи е намален за 2,5%.

Покрај растот на бројот на посетители, забележан е и пораст на бројот на ноќевања. Во првата половина на 2025 година, бројот на реализирани ноќевања е зголемен за 8,5% во споредба со истиот период од минатата година.

Премиерот во својата објава истакна дека ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20% годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, езера и планини, и да уживаат во традиционалната кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија.

Македонија бележи раст на туризмот во првата половина од 2025 година