Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска објави оглас за откуп на домашна пченица за државните стоковни резерви. Ова е историски момент за македонското земјоделство бидејќи за прв пат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви, што претставува значајна поддршка за македонските земјоделци.
Во рамки на огласот, ќе се откупат вкупно 9.000 тони меркантилна пченица од реколтата 2025 година, по цена од 13 денари за килограм (без ДДВ). Овој чекор е потврда на стратешкиот приоритет за заштита и поддршка на домашното земјоделско производство.
Со оваа одлука, министерството го продолжува стратешкиот приоритет, заштита и поддршка на домашното земјоделско производство.