Царинската управа спречи обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле

Царинската управа спречи обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле

Мобилен царински тим на граничниот премин Меѓународен Аеродром Скопје спречи обид за шверц на 27,5 килограми ароматизиран тутун за наргиле на влез во државата.

Царинските службеници при контролa на еден патник, државјанин на Турција, во негов куфер и лична торба пронајдоа вкупно 27,5 кг тутун за наргиле. Тутунот е запленет, а против лицето е поведена соодветна постапка.

Според Царинската управа, со спречувањето на оваа нелегална пратка е избегнат обид за нелегална трговија и неплаќање на давачки за акцизна стока во износ од 138.435 денари.

Царината предупредува дека нелегалниот тутун го загрозува здравјето на граѓаните и ја поткопува легалната трговија и оттука Царинската управа во континуитет спроведува акции сè со цел спречување на обиди за криумчарење тутун и тутунски производи.

Царинската управа спречи обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле