Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Штип го лишија од слобода 22-годишниот В.М. од Штип, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела извршени во текот на изминатиот период.
Според информациите од полицијата, осомничениот во текот на август и септември годинава извршил вкупно шест кривични дела на различни локации низ градот. Притоа, расчистени се едно кривично дело „разбојништво“, две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, едно дело „тешка кражба“ од моторно возило, како и две кривични дела „кражба“ исто така извршени од моторни возила.
Во рамки на оперативните мерки и активности, полицијата пронашла и одзела предмети кои потекнуваат од извршените дела. По целосното документирање на сите случаи, СВР Штип против 22-годишниот штипјанец ќе поднесе соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

