Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на својата 68-ма седница одржана денеска, 16 октомври 2025 година, донесе Решение со кое ја утврди успешноста на понудата за преземање на Стопанска банка АД Битола од страна на АЛТА БАНКА АД Белград.
Седницата на КХВ со која е донесена оваа одлука ја претседаваше претседателката на Комисијата, м-р Бујаре Абази.
Врз основа на извршената понуда за преземање, АЛТА БАНКА АД Белград се стекна со дополнителни 345.175 обични акции на Стопанска банка АД Битола. Овој новостекнат пакет акции претставува учество од 88% од вкупниот број обични акции на битолската банка.
Со оваа трансакција, вкупниот кумулативен удел на АЛТА БАНКА АД Белград во Стопанска банка АД Битола достигна 93%. Вкупниот број на обични акции што ги поседува српската банка сега изнесува 364.614 акции (вклучувајќи ги и претходно поседуваните 19.439 акции).