Директорот на БЈБ Александар Јанев изврши увид во селекцијата и подготовките на кандидатите за САЕ „Тигар“

Директорот на БЈБ Александар Јанев изврши увид во селекцијата и подготовките на кандидатите за САЕ „Тигар“

Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, заедно со командантот на Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, денеска изврши увид во подготовките, обуките и проверките на кандидатите за идни припадници на оваа елитна полициска единица.

Тестирањата се реализираат согласно високите професионални, физички и психофизички стандарди на единицата. Покрај физичката подготвеност и издржливоста на кандидатите, во рамките на селективниот процес детално се проверуваат и нивниот карактер, дисциплината, одлучноста, самоконтролата и способноста за тимско дејствување во услови на екстремен притисок.

За време на посетата, директорот Јанев одржа и работна средба со командантот и раководството на САЕ „Тигар“, на која беа разгледани актуелната состојба, степенот на оперативна подготвеност, како и тековните потреби за натамошно унапредување на функционирањето на единицата.

Јанев ги истакна високата професионалност и посветеност на припадниците на „Тигар“, како и нивните досегашни резултати остварени во високоризичните антитерористички операции, специјализираните обуки и меѓународните и националните натпреварувања. Од Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност порачуваат дека остануваат посветени на обезбедувањето соодветни услови и ресурси за континуирано јакнење на капацитетите на единицата во интерес на безбедноста на граѓаните и институциите.

Квиз:Асоцијација
(18 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.