Орбан: ЕУ се обидува да наметне заедничко задолжување за финансирање на Украина, дури и без консензус

Орбан: ЕУ се обидува да наметне заедничко задолжување за финансирање на Украина, дури и без консензус

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска на социјалните мрежи го критикуваше пристапот на Европската Унија кон финансирањето на воените трошоци на Украина.

Тој го обвини раководството во Брисел дека се обидуваат да го наметнат моделот на заедничко задолжување, дури и без согласност од сите земји членки.

Неговата изјава доаѓа непосредно пред самитот на Европскиот Совет оваа недела, каде што се очекува да се разгледува долгорочното финансирање на Киев.

Според унгарскиот лидер, овој пристап на Брисел значи трајно пропуштање на шансата за брз крај на војната меѓу Русија и Украина.

Наместо да се движи кон деескалација, Европската Унија се движи во спротивна насока, а една работа е сигурна, дури и нашите внуци ќе бидат оптоварени од последиците на оваа војна.“ - изјави Орбан.

Унгарскиот премиер предупреди дека дури и земјите кои се противат на оваа одлука, таа ќе им биде наметната, а тие ќе ја плаќаат каматата со децении.

Следете ги најновите вести на Viber
Орбан: ЕУ се обидува да наметне заедничко задолжување за финансирање на Украина, дури и без консензус