На 15 декември полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Виница приведоа пет лица поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни ресурси“, казниво по член 265 од Кривичниот законик.
Од слобода се лишени И.А.(61) и С.А.(63), двајцата од село Јакимово, виничко, Д.Т.(66) од Кочани, како и М.И.(62) и Ј.М.(30), двајцата од Виница.
Акцијата следеше по пријава, при што на патот во атарот на с.Калиманци се сопрени патничките возила „Фиат Браво“ и „Опел Вектра“. Во возилата биле пронајдени и одземени метален детектор и алат.
Во соработка со кустоси од Музеј „Теракота“ Виница, е констатирано дека пријавените во периодот од 13 до 15 декември извршиле нелегален ископ во с.Калиманци.
По наредба на Основен суд Виница, извршени се претреси во домовите на дел од приведените, при што биле пронајдени и одземени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети со различна големина, како и друг алат.
По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.