Протести во Google: Вработените со масовна петиција бараат заштита од отпуштања поради развојот на вештачката интелигенција

Протести во Google: Вработените со масовна петиција бараат заштита од отпуштања поради развојот на вештачката интелигенција
Сподели:

Вработени во Google организираа протест пред седиштето на компанијата, барајќи поголема сигурност за своите работни места во ера на масовна автоматизација. Демонстрантите, организирани од Синдикатот на работниците на Алфабет (Alphabet Workers Union), симболично развија голем бел транспарент на кој беа испишани имињата на повеќе од 4.500 вработени кои потпишаа официјална петиција до генералниот директор Сундар Пичаи.

Работниците се собраа пред главниот кампус носејќи транспаренти, барајќи од раководството итни гаранции дека развојот на новите АI алатки нема да биде искористен како изговор за дополнително кратење работни места.

Главните барања на вработените се насочени против стравот кој се создал во компанијата по неколкуте бранови на отпуштања. Синдикатот бара од Гугл да воведе загарантирани и фиксни отпремнини за секој технолошки вишок, да им даде предност на пакетите за доброволно заминување пред присилните отпуштања и целосно да го укине внатрешниот систем на квоти за оценување на успешноста.

Според незадоволните инженери, овој систем вештачки ги принудува менаџерите да даваат лоши оценки на одреден процент од тимот со цел полесно да се оправдаат наредните кратења. Претставниците на синдикатот истакнаа дека вредноста на компанијата на берзата достигна неверојатни 4 трилиони долари и дека е недозволиво профитот да се става пред егзистенцијата на луѓето кои ја изградиле платформата.

Ваботените порачаа дека стравуваат оти парите што компанијата масовно ги инвестира во развој на вештачка интелигенција се обезбедуваат преку постојано штедење и кратење на платите на луѓето.