На 16.09.2025 година, на регионалниот пат помеѓу селата Сарај и Петралинци, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица го привеле 59-годишниот С.В. од село Дабиле, струмичко, поради сомнение дека подметнал пожар. Инцидентот се случил околу 19:00 часот на нива помеѓу селата Дабиле и Петралинци, на која било поставено арско ѓубре, а сопственик на земјиштето бил В.С.
Пожарот бил брзо угасен од страна на екипата на Територијалната противпожарна единица Струмица, при што не се пријавени повредени лица. По приведувањето на осомничениот, тој го признал делото во службени разговор во полициска станица.
За случајот е известен јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а на местото на настанот извршен е увид од страна на екипа на СВР Струмица. По завршувањето на истрагата, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.