Казнети четири градилишта во Центар поради оставање градежен материјал и шут на јавни површини

Казнети четири градилишта во Центар поради оставање градежен материјал и шут на јавни површини
Сподели:

Инспекциските служби на Општина Центар во текот на изминатата недела изрекоа парични санкции во висина од 1.300 до 1.800 евра за четири градилишта на својата територија. Глобите се изречени поради несовесно оставање градежен материјал и шут на јавни површини, со што директно се нарушува редот и се попречува движењето на пешаците и возилата.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека тротоарите и улиците мора да бидат чисти, слободни и безбедни за сите граѓани, а не да се користат како простории за складирање градежни материјали. Тој потврди дека општинските инспектори се во континуирана контрола на теренот и дека секој обид за узурпација на јавниот простор ќе биде строго санкциониран согласно законите и општинските прописи.

Од Општина Центар упатија јавен апел до сите инвеститори и градежни компании кои изведуваат работи на оваа територија доследно да ги почитуваат своите законски обврски. Изведувачите се должни да одржуваат ред, чистота и комплетна безбедност во и околу границите на нивните градилишта.