Податоците на Државниот завод за статистика за август покажуваат разлики во економските движења во аграрниот сектор. Додека трошоците за производство бележат значителен раст, цените по кои земјоделците ги пласираат своите производи бележат пад.
Вкупниот инпут во земјоделството е зголемен за 7 проценти во споредба со истиот месец минатата година. Притоа, цените на тековно потрошените средства за производство растат за 6,8 проценти, додека средствата наменети за инвестиции и опрема бележат поскапување од 9 проценти.
Наспроти повисоките трошоци, вкупниот аутпут, односно продажната цена на земјоделските производи, бележи пад од 2,2 проценти. Статистиката регистрира намалување на цените за 2,4 проценти кај растителното производство и за 1,6 проценти кај добиточното производство.

