Лажна сообраќајка во која тешко е повредена ќерка ѝ - 71-годишна скопјанка е измамена за 36.300 евра

Лажна сообраќајка во која тешко е повредена ќерка ѝ - 71-годишна скопјанка е измамена за 36.300 евра

СВР Скопје регистрираше уште една голема измама, каде што 71-годишна жена од Скопје била измамена за сума од 36.300 евра преку добро познатата шема со лажна сообраќајна несреќа.

Измамата била пријавена вчера, на 16.10.2025 година, во 17:20 часот. Според пријавата, криминалците најпрво ја контактирале жената телефонски. Едно лице се претставило како полициски службеник и ѝ соопштило дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа и дека е тешко повредена. Веднаш потоа, ѝ било кажано дека мора да плати одредена сума за да се изврши итна операција.

Кратко потоа, жртвата повторно била контактирана телефонски, овојпат од лице кое се претставило како лекар. Ова лице ѝ дало прецизни инструкции каде да ги остави парите. Жената ги оставила парите, по што сфатила дека е измамена.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите на оваа тешка измама.

Следете ги најновите вести на Viber
Лажна сообраќајка во која тешко е повредена ќерка ѝ - 71-годишна скопјанка е измамена за 36.300 евра