Преработувачката индустрија учествува со 25,9% во бруто-додадената вредност на државата

Преработувачката индустрија учествува со 25,9% во бруто-додадената вредност на државата

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25.9% во бруто-додадената вредност во 2024 година.

Во 2024 година, 68.889 пазарно-ориентирани деловни субјекти реализирале промет од 2.152.867 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 486.170 милиони денари.

Најголем промет од 40.2% реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.3%.

Најголемо учество во вкупната бруто додадена вредност има Преработувачката индустрија со 25.9%, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 21.3%, Градежништвото со 9.6% и Информациите и комуникациите со 9.2%.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.