Во Штип е отворен Дино Парк - Нова атракција за семејствата, учениците и туристите

Во Штип е отворен Дино Парк - Нова атракција за семејствата, учениците и туристите

Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов објави дека Дино Паркот, сместен во познатата шума во Бриони, е отворен и веќе стана новото омилено место за сите жители, посетители и љубопитни истражувачи.

Паркот ја пренесува магијата на праисторискиот свет, нудејќи им на децата, семејствата и учениците можност да научат нешто ново на забавен начин.

„Дино Паркот во Штип е новото омилено место за сите! Магијата на праисторискиот свет, пренесена во познатата шума во Бриони, веќе е отворена за сите деца, семејства, ученици, туристи и љубопитни истражувачи, кои ќе научат нешто ново на забавен начин!“, напиша Јорданов.

Посетителите можат да ги видат репликите на најпознатите диносауруси, како што се Т-Рекс, Брахиосаурус, Стегосаурус и Птеранодонот, кои ги пречекуваат со нивната импозантна големина и реални животински крици.

Градоначалникот изрази надеж дека паркот ќе стане симбол на детската љубопитност и имагинација.

Асоцијација
(04 ноември 2026)

Пишувајте
на кирилица.
А1
А2
А3
А4
Б1
Б2
Б3
Б4
В1
В2
В3
В4
Г1
Г2
Г3
Г4
Секоја среда нова асоцијација.